Мали совети за големи одлуки –  Како да го направите вистинскиот избор на фото книга

Со практично бесконечните можности за дизајн на персонализирани фото книги изборот на “вистинската” за Вас може да биде предизвик кој ќе ви создаде несигурност за тоа дали сте донесле правилна одлука, за нешто што треба да го имате трајно, а ќе ги чува вашите спомени. 

Ќе се потрудиме максимално да ви ги доближиме сите главни карактеристики на нашите фото книги, а со тоа да ви го олесниме патот до вистинскиот избор. 

Во овој краток водич ќе ги најдете сите информации за идеалната примена на секој тип на фото книга како и за тоа што ги прави посебни за соодветната намена. 

Видови на фото книги 

Во нашата понуда ќе се сретнете со два различни вида на фото книги. Имаат исти можности на избор на персонализирана тврда корица, но целосно се разликуваат во внатрешноста, поточно во видот на материјалот на кој се печатени, како и во начинот на изработка и склопување на внатрешноста. 

Snap book – или фото книга со binding техника.

 Кај овој вид внатрешните страни се двострано печатени  на квалитетен 170 грамски кунздрук со мат финиш. Спојувањето на страните е лист по лист со binding техника и дополнително зацврстување за да се избегне било каква можност за нивно одвојување и да се зголеми квалитетот. Во средината помеѓу секои две страни кога фото книгата е отворена има прекин, а тоа значи дека не е пожелно при дизајнот да се поставуваат фотографии кои поминуваат преку средина затоа што еден дел во средината нема да е видлив, ова е можно само ако се работи за пејзаж или дел каде што нема ликови и нема да се наруши концептот на фотографијата.

Како не треба да се поставуваат фотографиите

Како е добро да се постават ако одат преку средината на листот

Вредноста и убавината на овие фото книги е во тоа што имаат можност да собeрат поголем број на фотографии, а со тоа да ја опфатат вашата замисла во сите детали. Самиот концепт се прилагодува на аматерска и на професионална фотографија во комбинација со персонализираната корица изработена со материјали и текст по ваш избор. Бидејќи изгледот  наликува на книга, текстуалните надополнувања одговара да бидат додадени на било која страна и во било кој обем, односно секогаш кога сакате да создадете вистинска фото приказна од било кој ваш повод или настан. Креативноста нема граници.

Време е да ги разгледаме достапните димензии на snap book. Имаме развиено 4 димензии за кои низ наши анализи и искуствено сме утврдиле дека се нај соодветни за овој вид на фото книги, додека секоја димензија има можност да биде со 40 или 80 страни. 

За внатрешниот дизајн на страните да биде елегантно разигран и не преоптоварен со фотографии имаме дадено препорака за оптимален број на фотографии соодветно за секоја димензија. На табелата подолу може да ги видите деталите:

Snap keeper’s tips: Големите димензии со 80 страни се идеален избор кога еден настан сакате да го опфатите во сите детали или за фото книга од одреден подолг временски период (годишна фото книга, полнолетство, јубилеј, пензионирање и сл.)

Snap keeper’s tips: Помалите димензии со 40 страни се идеален избор за подарок за оние кои ви се блиски и сакате да ги израдувате со нешто уникатно што ќе трае и ќе ги радува при секое разгледување. Погодни се и за фотографии од настан како роденденска прослава, патување, наменски фото сесии или за сите пригоди каде што имате помал број значајни фотографии.

Има неколку клучни прашања што би требало да си ги поставите пред да ја донесете конечната одлука за избор на snap book како:

Дали сакам фото книга од конкретен настан или збир од повеќе моменти во одреден временски период?

Дали ќе сакам повторно да си направам фото книга и ќе ги распределам настаните во повеќе помали фото книги кои ќе бидат во иста димензија и уникатен стил? 

Кој е буџетот кој сакам да го одвојам за фото книга? 

Дали сакам да подарам фото книга? 

Сите одговори се патокази кои ќе ве одведат до правилен избор на уникатна персонализирана фото книга на која што секогаш ќе и се радувате. 

Доколку имате организирана дигитална архива на фотографии може веднаш да си започнете со креирање на snap book. Уживајте и ослободете ја вашата креативност.

Snap shot exclusive – фото книги со lay-flat техника 

Доколку сте љубители на врвен квалитет овие фото книги се за Вас. Внатрешните страни се печатени на фото хартија Fuji Lustre Supreme. Оваа високо квалитетна  фото хартија е совршен избор за изработка на фото книги бидејќи е идеална средина помеѓу сјајна и фото хартија со мат финиш, не рефлектира светлина и не остануваат отпечатоци од прсти воопшто. Фотографиите едноставно ги оживува со своите контрасни, живописни бои и елементите добиваат неверојатна јасност и дефиниција што се забележува веднаш на прв поглед. 

Имаат посебна техника на поврзување на страните која придонесува кога тие ќе се отворат целата површина да биде рамна без да има никаква линија или прекин во средината. Оваа техника овозможува при дизајнот да се поставуваат фотографии и преку средината, а со тоа да се искористи максимално површината на страниците. Покрај практичноста, изгледот на страните е многу елегантен, луксузен и посебен. Спојувањето на страните една со друга е процедура во која се користи специјално двострано лепило со дебелина од еден милиметар, кое покрај тоа што ги спојува страните истовремено им дава цврстина доволна да останат флексибилни, но да се оневозможи било какво искривување, превиткување или раздвојување на страните. Целиот процес покрај рачно се работи и на специјална машина која содржи преси под висок притисок за загревање и ладење во кои фото книгата пред укоричување треба да стои точно одредено време за да се обезбеди загарантираниот квалитет.

Целосната изработка на snap shot exclusive фото книгите бара многу внимание и посветеност. Започнувајќи од печатењето на фотографиите за кое е потребно врвно мајсторство во калибрацијата на боите, па се до укоричувањето кое треба да е милиметарски прецизно со што се добива беспрекорен луксузен албум со гарантиран квалитет. 

Да ги разгледаме достапните димензии на snap shot exclusive. Имаме 2  димензии за кои сме утврдиле дека се соодветни за било кој повод, додека секоја димензија има можност да биде од 20 , 30 или 40 страни. За внатрешниот дизајн на страните да е елегантен и не  преоптоварен со фотографии имаме дадено препорака за оптимален број на фотографии соодветно за секоја димензија.

 На табелата подолу може да ги видите деталите:

Тајните на изработката се откриени, време е да видиме кога е правиот момент за избор на  snap shot exclusive фото книгите. За да се добие вистинскиот гламур и сјај на овие фото книги пожелно е (не е задолжително) фотографиите да ви се од професионален фото апарат или да се фотографирани од професионален фотограф. Кои се поводите во нашите животи кога имаме вакви фотографии? Се разбира тоа се оние најважни денови во кои имаме посебни настани како: свадба, прослави за децата, јубилеи, успеси, матурски, годишници, 50ти роденден, наменска фото сесија и друго. Може да се согласиме дека овие фотографии го заслужуваат најдоброто.

Поставете си ги следниве прашања кога размислувате за избор на snap shot exclusive фото книга: 

Дали имам квалитетни фотографии?

Колку ми значи врвен квалитет?

Дали сум љубител на автентична печатена фотографија?

Колкав е буџетот што сакам да го издвојам за оваа посебна фото книга?

Дали ова може да биде совршен подарок за моите најблиски?

Секој одговор ве носи до вистинскиот избор за Вас! 

Уживајте во креирањето на snap shot exclusive фото книгите.

Веруваме дека преку пишаниот збор успеавме да ви ги доближиме и појасниме сите можности за избор. Конечниот одговор е кај вас, додека нашата конечна препорака е дека секоја одлука да си направите печатена верзија од спомените е правилно донесена одлука. 

Започни со креирање на фото книга која е вистинскиот избор за тебе.

Add Comment