Вашата дигиталната архива на фотографии ќе го има вистинскиот сјај само ако е добро организирана

Некои од вас можат да се присетат на времињата кога до фотографија се доаѓаше само со фото апарат и никако поинаку. 

Што правевме тогаш? 

Фотографиравме со исклучително внимание, а тоа значи, добра композиција, добра осветленост, поглед, насмевка и сето тоа за што поретко да има потреба од пресликување на истата поза бидејќи бројот на фотографирања во еден филм беше ограничен. Што следеше потоа? Следеше чувство на “едвај чекам да ги видам испечатени фотографиите” заедно со неизвесноста за тоа дали ќе бидат успешни, дали се добри позите, а потоа редење во фото албум, нивно разгледување со блиските проследено со многу радост. Непознато беше чувството на пренатрупаност со фотографии. 

Како е денес? 

Дигитализацијата и технолошкиот развој донесоа комплетна промена во фотографската дејност, притоа го однесоа во заборав аналогниот процес. Денес до фотографија може да се дојде преку најразлични дигитални уреди и на истите инстантно таа да се прегледа, додека постапката има можност да се повторува неограничено.

Каков е резултатот од овие можности?

Очекувано, илјадници фотографии од кои најголем дел се премногу слични или се технички неисправни, дел од нив се објавени на социјалните мрежи, а можеби ниту една од нив не е испечатена! Ајде да погледнеме на полицата за фото албуми, таа изгледа како да застанало врмето во 2005 година. 

Што е она што не спречува еднаш во годината да си направиме барем еден печатен фото албум? Секако, причини може да има безброј, но она што го знаеме од искуство се крие во предизвикот да се изберат фотографии за печатење од оние мал милион кои ги имаме. Се разбира, овој предизвик може да биде и вистински проблем доколку дигиталните фотографии не ни се правилно и практично организирани во уредите во кои ги чуваме, уште и ако истите се во огромен број, мисијата за селекција може да ни се види и тоа како невозможна. 

Дали нашите спомени заслужуваат да отидат во заборав? Секако дека не !

Со правилен пристап и малку упорност ќе им ја дадете на вашите фотографии организацијата која ја заслужуваат, а вие ќе може да уживате при нивното разгледување. Не заборавајте, значењето на фотографијата е непроценливо!

Практични чекори до конечна организација 

Првото прашање овде секако би било од каде да започнеме со креирање на организирана датотека од сите наши фотографии, притоа правилно заштитени, лесно достапни за разгледување и избор на оние од кои сакаме да си направиме најубава фото книга. 

Во продолжение ви издвоивме неколку практични совети кои нас ни служат долги години во работата со фотографија, но и за нашите приватни фотографии кои како и кај вас се во огромен број. Подготвени? Ајде да ја започнеме авантурата! 

Истражувач – потрага по фотографиии 

Земете си лист хартија и пенкало и започнете со запишување за тоа каде се имате фотографии, притоа проверете дали сепак се навистина таму. За поголема прегледност листата направете ја во три колони на следниот начин: 

Колекционер – прибирање на фотографии

Сега кога знаете каде се имате ваши фотографии продолжуваме понатаму.            Изберете еден најсигурен уред на кој ќе започнете да ги пренесувате сите фотографии од локациите кои сте ги детектирале претходно. Овде е важно да си креирате папки согласно списокот од истражувањето, вака ќе избегнете создавање на мал хаос уште на почеток. Оваа постапка на вашиот уред би изгледала вака: 

Snap keeper’s tips: Старите печатени фотографии од фото албумите кои ги имате пожелно е постепено да си ги дигитализирате и да ги додавате во дигиталната архива за истите да можат да ви послужат за разни цели. Старите фотографии ни се потребни во дигитална форма кога сакаме да подариме фото книга за јубилеи. 

Snap keeper’s tips: Добриот колекционер секогаш ја завршува својата работа со заштитување на својата колекција. Овде ќе ги заштитиме фотографиите со тоа што во оваа фаза ќе си направиме копија од главната папка во друг уред. 

Организатор – организација на фотографиите по временски периоди 

Големото олеснување веќе се чувствува! Урааа! Освоивте два златни медали за Истражувач и Колекционер на годината! Сите фотографии ви се на едно место, а имате и нивна копија. 

Сега време е за освојување на третиот златен медал за Организатор на годината така што собраните фотографии ќе ги подредиме хронолошки според годината во која се фотографирани. Најдобро е да си ја фатиме работата по ред и да направиме проценка за тоа во која година е фотографирана најстарата фотографија која ја имаме. 

Сега си отвараме нова официјална папка која ќе биде носител на нашата уредна дигитална архива. Дадете и име кое на Вас ќе ви значи најмногу. Во оваа папка најпрво ќе отвориме под папки за секоја година до денес почнувајќи од годината од која ви датира најстарата фотографија. 

Тоа на вашиот уред би изгледало вака: 

Колку прекрасно, едноставно и практично изгледа оваа организација. Со само три клика ќе може да ги најдете фотографиите што ќе сакате да си ги разгледате. 

Селектор селекција и распределба на фотографиите 

Дојдовме до отварање на пандорините кутии од нашата првична колекција. Наоружајте се со трпение и љубов и да започнеме со средување на папките една по една. Нека биде релаксирано, еднаш до два пати во неделата одвојте по максимум половина час со убаво кафе или чај, селектирајте по еден дел. Малку по малку ќе го завршите овој голем проект. Уживајте, тоа се спомени од вашиот живот. 

На следниот начин ќе направите забрзано сортирање на фотографиите според датумот на кој се фотографирани: 

За сите фотографии за кои проценивте дека направеното сортирање е точно, префрлете ги во папката од соодветната година, а за останатите размислете, истражете и направете го истото, однесете ги во годината што одговара за нив. Постепено една по една папка ќе го расчистиме просторот, а по завршувањето на овој чекор се е поразлично. Најтешкиот пат е изоден и чувството на задоволство од сработеното е неизбежно. 

Snap keeper’s tips: Мала препорака од нас е да не се задржувате премногу долго одеднаш со селектирањето на фотографиите за да не ви се создаде чувство на мачнина и одбивност, а тоа да ве доведе до откажување од намерата.

Пребирџија зачувувње на квалитетни фотографии

Овде пребирџијата во нас ќе има позитивни одлики и ќе ни помогне да собереме храброст и сила да ги анализираме фотографиите од аспект на нивната техничка исправност. Потребно е да ги избришеме сите оние за кои сме утврдиле дека се повторуваат, дека се премногу слични една со друга, се темни, матни или фалат делови и имаат лоша композиција. 

Многу е важно е да разбереме дека пофункционално е да имаме квалитетни фотографии во помал број и притоа добро организирани за да може да ни служат правилно и да уживаме во нив. Не откажувајте се од генералната чистка, на крај ќе си бидете благодарни на себеси. Всушност средувањето може и да заврши тука, пет златни медали! Сепак, секогаш може да биде и подобро, па зошто да не го освоиме и шестиот медал. Нека биде совршено ! 

Перфекционист финално подредување во кратки фото приказни 

Тајната е во деталите нели?

Во овој чекор секоја папка од одредена година си ја доживуваме како албум во кој треба да си ги подредиме фотографиите според нивната специфичност. Попатно  си уживаме гледајќи ги и присетувајќи се на тие убави моменти од нашето минато. Оваа организација треба да изгледа вака на вашиот уред: 

Дали сега од оваа перспектива изборот на фотографии за креирање на фото книга ви изгледа невозможен? Секако дека не, секоја папка може да биде и фото книга. Ви честитаме, го освоивте и шестиот златен медал, Вие сте супер перфекционист кој ја знае вистинската вредност на своите спомени. 

Snap keeper’s tips: Потсетник да си направите нова копија на друг електронски уред со совршено средената дигитална архива, се друго може да бришете и да си ослободите простор. Две копии е безбедна опција, но секако она што ви дава гаранција за трајност е печатена форма на најважните спомени. 

Со вака организирани дигитални фотографии лесно ќе напрвите правилен избор на вид и формат на фото книга кој е совршен за вашите спомени. КРЕИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ФОТО-КНИГА

Add Comment