Мора да си признаеме дека има нешто магично во прелистувањето на фото книга. Од кој и повод
да е, таа ни делува како временска машина која ги оживува нашите сеќавања и прави повторно да
ги почувствуваме истите емоции што сме ги имале тогаш. Има нешто што дополинително може да
го интензивира тоа чувството на магија, да видиме што е тоа? Одговорот е полесен од што може
да си замислите, а тоа персонализираниот дизајн! Овде се подразбира целокупен дизајн
започнувајќи од корица и наслов, внатешни страни, ефекти, текст, пакување. Сите овие елементи
ќе направат фото книгата да може совршено да се вклопи во вашиот ентериер, за зборува за
вашиот стил и да ја пренесува приказната на за вас автентичен начин. Да, сето ова е возможно, но
без паника, ова не значи дека треба да бидете експерти за дизајн или да поседувате исклучителни
дигитални вештини! Она што ви треба е да знаете што сакате и секако малку време.
За да знаете што сакате, треба да знаете најпрво кои се можности ги имате достапни. За ова сме
тука ние и во продолжение ќе ви ги споделиме најважните информации.
Ќе ви претставиме кратка анализа на можностите за сите пет главни елементи од една фото книга:
Фотографии, димензија, корица, внатрешни страници, текст и додатоци.
Да започнеме по ред од основниот елемент.
ИЗБОР НА ФОТОГРАФИИ
Секоја фото книга раскажува одредена приказна која треба да има свој почеток, главен дел и
завршеток, без разлика дали се работи за фотографии од еден настан или пак збир од настани во
определен временски период. На овој начин треба да размислувате кога правите селекција на
фотографиите. Истовременов при изборот обрнете внимание и на нивната техничка исправност
или преголема сличност, избирајте ги најубавите фотографии. Потоа именувајтеги по редослед по
којсакате да ви бидат подредени од почеток до крај, дополнително може да си ставите и ознака
на некои фотографии кои ќе сакате да се истакнуваат повеќе низ страниците.
Кога ова ви е подготвено може многу полесно да преминете на следниот елемент.
ДИМЕНЗИЈА
Димензијата и бројот на страните најчесто се бира прво според бројот на фотографии што сте ги
избрале претходно, потоа според вашите преференци и секако според приказната која
фотографиите ја носат со себе.
Дали сте љубители на квадрат или правоаголен формат?
Snap keepers tip: Правоаголната форма може да има две ориентации портрет и панорама, доколку
се двоумите која да ја изберете нашата препорака е одлуката да ја донесете според тоа каква е
поставеноста на повеќето фотографии од избраните, на тој нашин ќе постигнете најголема
искористеност на просторот на страниците.
Кога размислувате за бројот на страни во вашата фото книга изборот направетего имајќи го
предвид дека просечниот број на фотографии по страна е три. Зошто велиме просечен број по
страна, затоа што разигран и елегантен дизајн се постигнува кога на секоја страна има различен
број на фотографии и комбинации од нив. Ова значи дека на некоја страна ќе имате една голема
фотографија, а на следната две, три или четири фотографии.
Snap keepers tip: Бројот на фотографии по страна зависи само од вашата желба и советот за просек
од 3 фотографии не е задолжителен. Во големите димензии на фото книги може да додадете
страни кои ќе имаат пет, шест или колаж од девет или повеќе фотографии со тоа што нема да ви
смета дека истите ќе бидат помали на страната, едноставно сакате да ги има!
Доколку сакате да дополнувате и текст низ страниците, навреме планирајте за истото да имате
доволно простор и во тој случај изберете фото книга со повеќе страни.
КОРИЦИ
Корицата е лицето на фото книгата која прва започнува да ја раскажува приказнта. Изборот на
корицата треба да ви биде секогаш и во согласност со идеата за внатрешниот дизајн, или нека ви
послужи како водилка и според неа прилагодете ја и внатрешноста.
Можностите за избор на тврди корици се следните:
Текстилни корици
Во понудата за избор на материјали ќе најдете повеќе од 20 бои и текстури, од неутрални до јаки
контрасни нијанси, како и елегантни едноставни текстури во кои сигурно ќе ја најдете вистинската
за вас. На текстуалните корици се користат две техники на испишување на наслов кои гарантираат
трајност, а тоа се втиснување со температурна преса и ласерско гравирање. Текстилните корици
покрај наслов имаат можност и за надополнување со фотографија секогаш кога сакате и визуелно
да го поддржите насловот на фото книгата и да додадете дополнителна уникатност.
Корици печатени на канвас платно
Сега се запознавте со тоа што значи персонализирана корица. Таа е персонализирана само тогаш
кога секој детал е изработен по ваша желба, токму таа уникатна можност ја имате слободно
достапна преку софтверот за самостојно креирање на snapshot.mk.
Можеби имате посебно место на полиците во вашиот дом и сакате корицата да ви одговара на
ентериерот и да го надополнува, можеби сакате колоритни корици или минималистички стил,
сакате целосно ваш уникатен дизајн и ќе изберете печатена корица на канвас? Она што треба да
го знаете пред да изберете дека се е возможно да се направи!
ПОДРЕДУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ
Ова е делот во кој треба потполно да си уживате, без брзање и притисок дека мора да ги завршите
сите страници одеднаш. Во денешниот брз начин на живот потребни ни се можности кои се
прилагодуваат лесно на нашиот распоред, тргнувајќи од ова баравме софтвер за самостоен дизајн
кој ќе ви овозможи слободен пристап во секое време од било кој електронски уред со едноставно
регистрирање на ваш личен профил во кој Ви се зачувува секоја работа на започнатат фото книга.
Snap keepers tip: Софтверот за креирање на фото книги може да го тестирате и без отварање на
ваш профил. Започнатиот проект може да го избришете во секое време и нарачка немора да се
направи доколку се премислите. Може да експериментирате со дизајни колку што ви е желба на
било која димензија пред да ја донесете конечната одлука за избор.
Пред да започнете визијата и идеата која за имате тестирајте ја како ке изгледа на барем две
страни. Дали да има позадина, каква да биде, дали бела основа најмногу ви се допаѓа. Колку текст
ќе додавате и на кои позиции на страните.
Штом сте сигурни во изборот започнете со поставување на фотографиите, убаво е кога на левата и
десната страна поставувате тематски поврзани фотографии кои претставуваат целина. Понекогаш
е подобро да се остави една фотографија на страна ако истата неможе да се поврзе со другите за
да се заедно. На овој начин ќе обезбедите континуитет на приказната и разгледувањето ќе го
направите спонтано и пријатно со совршена естетика.
Во продолжение ќе ви претставиме некои идеи за начини на поставување на фотографиите низ
различните димензии:
При креирање на Snapshot Exclusive фото книга начинот на подредување е малку поразличен.
Површината на две последователни страни е во целост расположлива бидејќи нема прекин во
средината. Во продолжение ќе ви претставиме можности за подредување кои кај овие фото книги
важат за тие димензии:
ТЕКСТ И ДОДАТОЦИ
Нема обем на текст кој што би ви препорачале да се користи при креирање на snap book. Тоа сами
вие може да си го прилагодите за да си ја остварите вашата замисла, нема ограничување, па
пишувајте колку што срце ви сака. Додека кај snapshot exclusive постои непишано правило дека
текст може, но истиот да биде во минимална форма како кратка посвета, мисла, убави желби,
иницијали и слично.
Понатаму покрај текст, софтверот нуди голем избор на додатоци за декорација на страните.
Може да додавате стикери кои ќе одговараат со темата и нивната големина да ја прилагодувате
по желба. Рамки за фотографиите со прилагодлива боја и форма со кои ќе ги потенцирате
фотографиите и ќе ги издвоите од позадината.
Експриментирајте и уживајте во процесот, разбудете ја креативноста се додека не дојдете до
изглед кој ќе биде совршен за вас.
Изгледот на фото книгата е најубав само и само кога на вас ви е најубав, додека можностите се
скоро безгранично.
Креирај ја својата најубава фото книга
Snap keepers tip: За сите оние кои се во огромен недостаток на време или ви треба фото книга за
краток временски рок, ја имате на располагање и можноста за асистиран дизајн, кој повторно се
пролагодува според сите ваши желби. Ова значи дека важат сите претходно кажани можности, а
се што треба е само да ни ги испратите фотографиите и да ни ја кажете вашата замисла. Секако
вашето внимание ќе биде потребно и при проверка на предлог дизајнот што ќе ви биде испратен.
Фото книгата се печати само по добиено ваше одобрување и согласност.
За крај ве охрабруваме да се обидете сами да создадете ваше ремек дело, да ја разбудите својата
креативност и да уживате во уникатната можност која ви е овозможена преку софтверот за
самостојно креирање на веб страната на snaposhot.mk
Одлични сте, уживајте во креирањето!
Add Comment