ПРАШАЊА ЗА КРЕИРАЊЕ НА ФОТО-КНИГАТА

Од каде можеме да прикачиме фотографии?

Кога креирате фото-книга има опции за превземање на Вашите фотографии од социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Google Photos) или од Вашиот уред (телефон или компјутер)

Дали е потребно да се регистрираме на страната?

Нема потреба да креирате профил на нашата страна за да направите нарачка. Сепак доколку сте регистриран корисник имате можност при креирање на книгата да го снимите процесот и да продолжите со креирање нареден ден или кога ќе имате слободно време.

Дали можеме да додадеме фотографии во процесот на креирање?

Доколку сакате да додате фотографии во Вашиот проект потребно е прво да го снимите проектот (десно горе има опција save) за да не ги изгубите промените кои сте ги направиле до тој чекор. Горе лево има опција Back to Selection, со која се враќате во можноста да прикачите нови фотографии.

Дали може да се прикачат фотографии од различни извори во ист проект?

Може да прикачите фотографии од сите понудени опции во ист проект. Пример, кога ќе заврште со прикачување на фотографиите од инстаграм продолжете со прикачување на фотографии од Вашиот уред си тоа што ќе селектирате Device. Или селектирајте Google Photos за да превземете фотографии од таа архива.

Дали може да се креира фото-книга преку телефон?

Да софтверот е прилагоден и за работа преку телефон. Одберете ја Вашата големина на фото-книга и со притискање на копчето CREATE NOW се пренасочувате кон софтверот за креирање кој ги има сите опции како и верзијата за на компјутер. Сепак заради поголемиот екран, многу по едноставно е да работите на компјутер или таблет.

Дали има опција книгата автоматски да се креира?

После селекцијата на Вашите фотографии следниот чекор Ве носи во опцијата за креирање на Вашата фото-книга и фотографиите се автоамтски наредени во книгата според редоследот на прикачување на фотографиите и бројот на фотографии. Сепак Вие имате можност да ги подредите фотографиите според Ваша желба, да вметнете позадина, текст, графички елементи кои се понудени во софтверот.

Дали ќе има опција вие да ја креирате нашата фото книга како предходно?

Да, таа опција ќе постои со тоа што ќе мора претходно да не контактирате на е-маил, телефон или порака на социјалните мрежи и ќе се договриме за понатамошниот начин на испраќање на фотографиите и дизајнот на книгата. Оваа опција ќе се доплаќа дополнително, 300 ден. за помалите книги и 500 ден за поголемите книги од 80 страни.

Информации околу испораката и плаќањето

Колку чини испораката за нарачка?

За територијата на Македонија испоракта е вклучена во цената и немате други дополнителни трошоци

Кој е начинот на плаќање?

Засега плаќањето е можно само при испорака на пратката или доколку сакате да подарите фото-книга има можност да ја платите книгата со банкарски трансфер. Наскоро ќе има опција и за плаќање со платежна картичка.

Дали може да ја откажам нарачката?

Се додека не ја потврдите Вашата нарачка после внесување на Вашите податоци за испорака и притискање на опцијата НАПРАВЕТЕ НАРАЧКА имате можност да го избришете проектот од кошничката без проблем. Доколку ја завршите нарачката и повтроно сакате да ја откажете нарачката имате 24 часа да не контактирате за да не ја процесираме нарачката.

За колку дена може да ја добиеме нашата фото книга?

Испораката на Вашата фото-книга е за 3 до 5 дена од денот на комплетирање на нарачката доколку сами ја креирате со помош на нашиот софтвер. Доколку ние треба да ја креираме Вашата фото-книга ќе ни бидат потребни 7 до 10 дена од моментот кога ќе ги добиеме фотографиите.

Не го пронајдовте вашиот одговор?